Услови за IBM Knowledge Center

Овие Услови за користење на IBM® Knowledge Center („Услови“) важат за сите коментари, прашања, проверки, предлози, идеи и други информации што може да ги објавувате на овие страници („Кориснички содржини“). Овие услови се дополнување на Условите за користење на ibm.com. До степен на каков било конфликт помеѓу Условите за користење на ibm.com, политиката за приватност на IBM и овие услови на IBM Knowledge Center, овие услови ќе ги контролираат корисничките содржини.

Со кликнување на „Поднеси“, признавате и се согласувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се обврзале на овие услови, и дека ќе ги почитувате сите применливи закони и прописи, вклучително и законите и прописите за контрола на извоз и повторен извоз. Се согласувате да ја одржувате безбедноста и да не дозволите други да ги користат вашиот ИД на корисник или лозинка за IBM.

Со поднесувањето кориснички содржини, претставувате и гарантирате дека:

  • вие сте единствен автор и сопственик на правата за интелектуална сопственост врз нив;
  • доброволно се одрекувалте од сите „морални права“ што може да ги имате врз таквите кориснички содржини;
  • сите кориснички содржини што ги објавувате се вистинити и точни и ги почитуваат овие Услови;
  • постари сте од 13 години; и
  • вашите кориснички содржини не предизвикуваат повреда на ниту едно лице или субјект.

Понатаму се согласувате и гарантирате дека нема да поднесувате кориснички содржини:

  • за кои знаете дека се погрешни, неточни или лажливи;
  • кои прекршуваат авторски права, патенти, трговски знаци, трговски тајни или други комерцијални права или права на јавност или приватност на трети страни;
  • кои прекршуваат закон, статут, уредба или пропис;
  • кои се или може разумно да се сметаат дека се клеветнички, погрдни, шират омраза, со расни или религиозни предрасуди или навредливи, незаконски заканувачки или незаконски вознемирувачки за некое лице или субјект;
  • за кои сте добиле компензација или надоместок од трета страна;
  • кои вклучуваат информации кои упатуваат кон други веб-локации, адреси, адреси на е-пошта, информации за контакт или телефонски броеви; или
  • кои содржат компјутерски вируси, црви или други потенцијално штетни компјутерски програми или датотеки.

За сите кориснички содржини што ќе ги поднесете, му доделувате на IBM трајно и неотповикливо, преносливо право и лиценца без надоместок за користење, копирање и промена во нивната целосност, да приспособува, објавува, преведува, создава изведени дела и/или продава и/или дистрибуира такви содржини и/или да вгради такви содржини во каква било форма, медиум или технологија низ светот без да ви плати надоместок. Сите кориснички содржини може да се користат онака како што IBM смета дека е соодветно. Корисничките содржини може да останат јавни и може да се архивираат, складираат и вчитуваат неограничено.

IBM е сопственик на авторските права за сите содржини и материјали на локацијата од IBM Knowledge Center („Содржини на IBM“), покрај корисничките содржини. Вашето користење на содржините од IBM не ви дава никакви права врз тој материјал.

Се согласувате дека ќе го заштитите IBM од сите жалби, барања и оштети (конкретни или последователни) од секој вид и природа, познати и непознати, вклучувајќи и адвокатски надоместоци, што произлегуваат од прекршувањето на вашето претставување и гаранција наведени погоре или од ваше прекршување на закон или правата на трети страни.

IBM го зачувува правото да отстрани или избрише кориснички содржини за кои IBM смета, по сопствено наоѓање, дека ги прекршуваат овие услови или условите за користење на ibm.com. IBM не гарантира дека ќе имате некаков надоместок преку IBM за уредување или бришење кориснички содржини.

Никакви кориснички содржини нема да бидат предмет на обврска за доверливост од страна на IBM, негови застапници, подружници, филијали, партнери или трети страни што се даватели на услуги, како и нивните директори, службеници и вработени.

Во вашите кориснички содржини, (а) секогаш се отсликува вашето искрено мислење, наоѓање или искуство; (б) не се даваат невистинити, неточни, измамнички, лажливи или непоткрепени тврдења за производите или услугите на IBM или производите или услугите на конкурентите на IBM; (в) се избегнува дискусија за цената на производот или услугата; (г) не се прават споредбени тврдена за конкуренти и/или нивни производи кои не се поткрепени; и (д) не се споделуваат лични информации.